Европа треба поактивно да работи на своето енергетско, транспортно и дигитално поврзување, а Бугарија треба уште подобро да ја искористи својата географска положба како земја која ги поврзува Азија и Африка со Европа, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, во Прага, каде учествуваше на лидерската средба на Европската политичка заедница.
Од решавањето на енергетската криза зависи опстанокот на европските економии, рече Радев, според кого е важно што на денешната средба се вклучени земји како Азербејџан и Норвешка, кои ја снабдуваат ЕУ со енергетски ресурси, пренесе БНР.бг.
Во Прага, претседателите на Бугарија и Турција. Румен Радев и Реџеп Ердоган разговараа во рамките на состанокот на Европската политичка заедница.
„Турција е наш многу важен партнер – сосед, сојузник. Особено во време на ваква тешка енергетска криза, важно е Бугарија да ги развива нашите односи во енергетската сфера, бидејќи засега единствениот безбеден гас што го одредува јасно долгорочен договор е гасот од Азербејџан, кој минува преку Турција, преку нивниот систем за пренос на гас.
Исто така важна е улогата на Турција во обезбедувањето на местата за танкери на нивните терминали за течен гас, изјави Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.