Искрено се надевам дека 48. Народно собрание ќе нè изведе од спиралата на политичка нестабилност, а клучот е токму во вас. Тоа го истакна претседателот на Бугарија Румен Радев од собраниската говорница во своето обраќање до народот и новоизбраното 48. Народно собрание кое денеска ја одржува првата свечена седница.

И покрај краткиот живот на последните парламенти, секој почеток е исполнет со надеж. Имате можност да оставите достоен белег во историјата со приказ на разум, граѓанска одговорност и волја во овие тешки времиња за Бугарија и Европа, им се обрати Радев на бугарските пратеници.

Потребна е мудрост, потребна е храброст да се формира влада која може да преземе одговорност и да владее во време на тешки искушенија, додаде тој.

Радев ги предупреди народните избраници дека парламентарното време е вредно и гласачите ќе се чувствуваат изневерени доколку тоа време се „удави во скандали“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.