Одржувањето на добриот тон со владата зависи од решавањето на стратешките прашања за земјата, како она за Македонија, изјави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, цитиран од „ДИР“.
Имаме некои разлики и јас ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со владата – додаде претседателот.
Владата мора да работи на стратешки прашања за државата и да слуша што и кажуваат граѓаните, истакна уште Радев на средбата во Амбасадата на Република Бугарија во Берлин со претставници на бугарската заедница во Германија.
Шефот на државата е во посета на Сојузна Република Германија на покана на неговиот колега, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, со кого денеска треба да се сретне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.