Бугарскиот претседател Румен Радев, по предлогот од вчерашната седница на Советот за безбедност на бугарски државјани да им биде забранет влез во државава, изјави дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај, како што истакнува, на оваа антибугарска омраза и хистерија.

Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговори. Значи, Македонија не ги ни започна преговорите.Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори. Очекувам институциите на Македонија да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања ова веќе не е доволно – крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања. Во нашиот случај, бидете сигурни дека ќе се активираат сите европски механизми за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија, изјави Радев, во одговор на новинарско прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.