Во Чукарица во Белград околу 17:00 часот дошло до пукање во кое едно лице е рането, соопшти Н1 Белград. Маж (28) е ранет во улицата „Милорад Јовановиќ“ во Чукарица. На улиците има полиција со огнено оружје, а моментално во тек е т.н акција „Виор“.
Како што неофицијално дознава Телеграф, ранетиот И.А. е свесен. Тој е ранет во градниот кош или во стомакот и со тешки повреди е пренесен во болница.
Се уште не е познат мотивот за пукањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.