Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег. Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).

Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.

Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку што паѓа вообичаено во текот на целото лето.

За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.