Протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто, официјално организиран од еколошките здруженија од Србија, кој се одржа на Теразие, продолжи со прошетка до мостот Газела, каде, како што најави претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ, ќе биде поделен на две колони и ќе го блокира сообраќајот на мостот.

Претставници на еколошките здруженија, како што е најавено, ќе бидат на чело на конвојот за Газела до кој ќе се стигнува преку улицата Крал Милан.
Се уште е блокиран сообраќајот на улиците околу Теразие, Призренска и Крал Милан, Кнез Милош кон Газела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.