Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Во образложението на решението е наведено дека советот констатирал дека доколку тие бидат ослободени, постои ризик да побегнат или да влијаат на сведоците и да се мешаат во работата на судот, пренесува онлајн весникот „Репортери“.

Тачи и Весели се во судски притвор во Шевенинген од ноември 2020 година, кога беа уапсени на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.