Здружението на новинари на Србија објави дека на новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога, според обвинителството, носел трансапрент и обесена кукла со ликот на Александар Вучиќ на протестот „Србија против насилството“.
Ќерката на новинарот во изјава за медиумите негираше дека куклата ја поставил нејзиниот татко.
Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време, а на сликите се појавува и кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Транспарентот е се уште кај нас. Го виделе инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата, изјави ќерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.