Посетата на Еди Рама на Атина ги разгоре страстите на Балканот. Голема улога во ова има сестрата на грчкиот премиер, Дора Бакојани и нејзиниот син Костас.
Додека градоначалник на Атина беше Дора Бакојани, Костас во областа Галаци, каде што се наоѓа канцеларијата за врски на Приштина постави улични знаци на кои е испишана канцеларијата на Косово.
По мајката на чело на Атина дојде нејзиниот син Костас. Тој беше градоначалник на Атина од 2019 година до октомври минатата година, кога беше поразен од левичарот Христос Дукас.
Интересно е што тој како градоначалник на Атина не ги посети само Белград и Скопје од главните градови на Балканот. Но, затоа двапати беше во Приштина каде беше пречекан како најголем пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.