Телото на Вољенка Илиќ (51), поранешна учесничка на реалното шоу „Парови“, пронајдено во базенот од нејзината куќа во Доминиканската Република, со тегови врзани околу вратот! Поради бројните застрашувачки предмети пронајдени покрај нејзиното тело, се сомнева дека била жртва на секташки ритуал!
Според доминиканските медиуми, Вољенка била пронајдена во во базенот на нејзината резиденција во Кабаре во провинцијата Пуерто Плата. Телото е откриено со нозете врзани со селотејп и тегови закачени на главата. Првите информации укажуваа на самоубиство, но се сомнева дека зад се стои многу поголема и пострашна работа.
До нејзиното тело било пронајдено проштално писмо на српски јазик во кое пишувало дека оди кај мајка си, која е одамна мртва. Таа поранешна пријателка на Аркан и Кнеле, познати криминалци од деведесетите години.
Пронајден е препариран зајак, свеќа, слики од светци и фотографија од нејзината покојна мајка. Исто така, имала бел превез на главата, а пронајден и нејзиниот пасош. Вољенка не била член на ниту една секта, дури била и голем противник на сектите, окултизмот, гатачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.