Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното.

Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса, објави Ројтерс.

Благодарен сум на Бога што ќе чекориме рамо до рамо со вас, нашата младина која првпат гласа, на изборите што ќе се одржат на 14 мај, порача Ердоган.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе претставуваат најголем тест за Ердоган во последните 20 години.

Првично беа закажани за 18 јуни, но Ердоган претходно сигнализираше дека гласањето може да се помести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.