Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.
– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.
Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.
Пред неколку денови и премиерот Петков рече дека нема самостојно да одлучи за кревање на ветото туку дека ќе го праша Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.