Косовската претседателка Вјоса Османи се приклучи на граѓанскиот протест организиран од невладини организации и држани институции на Косово, во знак на солидарност со украинскиот народ.
Во своето обраќање пред медиумите на приштинскиот централен плоштад, „Скендербег“, Османи изјави дека на овој начин Косово се приклучувало на демократскиот свет, не само за да ја осуди руската агресија врз Украина, туку и за да побара одговорност од, како што го нарече рускиот претседател, „воениот злосторник и диктатор (Владимир) Путин“.
Секако дека ова што го доживува народот на Украина во овие моменти ни ги враќа во сеќавање тешките рани кои им се нанесоа на сите косовски граѓани во 90-тите години од геноцидниот режим на Србија. Затоа и се приклучивме на демократскиот свет, не само за да ја осудиме руската агресија врз Украина, туку и да побараме одговорност од воениот злосторник и диктатор Путин. Ќе останеме обединети и уверена сум дека, како и во Косовскиот случај, ќе триумфираат слободата и правдата – изјави Османи.
Стотици граѓани, претставници на невладините организации и на косовските институци, како и амбасадори и други членови на дипломатските мисии во Косово, учествуваа денеска на протестниот марш во Приштина за поддршка на украинскиот народ во неговата борба против руската агресија.
Учесниците носеа плакати со пораките „Косово се солидаризира со Украина“, „Сочувствуваме со украинските жени“, „Биди силна Украино“, „Мир за Украина“ и слични, како и знамиња и облека и симболи во боите на украинското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.