Хемиско-токсиколошките наоди  потврдија дека нишјанката Јована Марјановиќ (54), која на крајот на декември минатата година беше пронајдена мртва на Златибор, починала од труење со лекови бензодиозепин, дознава „Курир“.

Tаа се  занимавала со недвижнини, сакала луксузен животот и била верник. Беше разведена и во лоши односи со сопругот па се мислеше дека тој ја убил

Јована Марјановиќ исчезнала на 22 декември на Златибор, кога го напуштила станот во кој престојувала. На партнерот му кажала дека оди на прошетка, но не се вратила цела ноќ, телефонот и бил недостапен, па нејзиниот партнер следниот ден го пријавил исчезнувањето на Јована.

По четири дена пребарување низ целиот Златибор, група млади мажи, следејќи ги трагите на снегот, го пронашле нејзиното тело на 26 декември во близина на потокот во Тиќ Поље, на помалку од неколку километри од центарот на планината.

До телото биле пронајдени празно пакување „бромазепам“, пакување друг лек и шише алкохол. Надворешниот преглед потоа утврдил дека на телото нема повреди. Следниот ден била извршена обдукција која потврдила дека Јована не умрела од насилна смрт, туку дека се самоубила со труење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.