Мафијашката група на Никола Вушовиќ Џони како што  дознава „Република,рс,  имале договорено место за тајни средби и само таму разменувале најдоверливи информации и правеле планови за убиства. Меѓу другото, на таа локација се договориле да го убијат Данило Вучиќ,  но и претседателот.

Тоа е парк во непосредна близина на храмот Свети Сава.  Членовите на групата најчесто комуницирале телефонски со апликацијата Скај, но и живо и приватно. Локацијата била идеална затоа што клупата е во темница навечер и опкружена со неколку високи дрвја.

Исто така, има неколку пешачки патеки кои водат од клупата кои можат да се користат за бегство во различни правци, а во близина има и две прометни улици, каде што би можеле да ги остават своите автомобили, празни или со возач кој ги чека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.