Познат хирург од Воено-медицинската акамедија во Белград, потполковникот Н.О. е уапсен под сомнение дека вчера со дршка од пиштол ја претепал својата сопруга.

– Постои основано сомнение дека во јануари годинава повеќепати ја претепал својата четириесет и двегодишна сопруга, ја удирал по главата и телото, ја удирал со клоци и ја задавил со кабел, нанесувајќи и тешки телесни повреди, стои во соопштиле на српското МВР.

Според натписите во српските медиуми осомничениот утре ќе биде изведен на распит пред белградското Обвинителство. Тој се терети за кривичното дело семејно насилство.

Медиумите во соседна Србија објавуваат дека кај сопругата на познатиот хирург биле констатирани тешки физички повреди. Неофицијално, се здобила со скршеница на четири ребра, надлактица и повеќе хематоми.

Блиц.рс објави дека полицијата го затекла хирургот пред вратата од станот, а внатре биле сопругата и трите малолетни деца. Сопругата имала видливи повреди на лицето. Жената, која била вработена во српското Министерство за одбрана првично рекла дека имало расправија меѓу нив, но дека повредите на главата и биле стари, од пред две недели. И уапсениот хирург имал исто тврдење. ОД него биле одземени неговиот пиштол, за кој поседувал дозвола, како и пиштолот на неговиот брат.

Откако и биле констатирани повеќе тешки повреди, сопругата на приведениот хируризјавила дека од почетокот на годината неколкупати физички и психички ја злоставувал, ја тепал, и се заканувал со убиство, уринирал по неа и ја давел со кабел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.