Куќи изгореа во село кај босанскиот град Сребреница.

 

Три куќи изгореа во селото Лука кај Сребреница, во пожар што веќе осум дена беснее во источна Босна и Херцеговина(БиХ). Пожарот со денови гори во националниот парк Дрина.

Мештаните бараат помош од општината за да нема поголеми штети.  Во последните недели пожари зафатија неколку области во Босна и Херцеговина, како што се Националниот парк Сутјеска, околината на Билеќе, Маглај и Какањ.

Летово имаше пожари во повеќе држави од регионот. Гореше во Црна Гора, Грција, Србија, Хрватска.

Фото: РТРС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.