Во романскиот Парламент  избувна пожар поради што се евакуирани 300 лица, јавуваат романските медиуми.

Пожарот се случил на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, така што тој е изгаснат во моментот. Надлежните институции ќе ја утврдат причината за пожарот“, се наведува во соопштението на Долниот дом.

Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни.

Запалени се текстил и канцелариски предмети. Нема повредени во инцидентот“, соопшти ИСУ Букурешт.

Полицијата соопшти дека „по првичните истраги е утврдено дека посетител наводно фрлил запалива материја“ кон Собранието, и дека врши проверка на идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.