Голем пожар избувна на отворено во Грција во близина на границата со Македонија и голем број грчки пожарникари во моментов се ангажирани во неговото гаснење со помош на 4 противпожарни авиони. Центарот за управување со кризи (ЦУК) во земјата соопшти дека е во контакт со грчките власти, кои побараа навремено известување за тоа дали пожарот ќе ја премине границата.
ЌЦентарот за управување со кризи со грчкиот број 112 ќе не извести навреме доколку пожарот дојде кон македонската страна од границата. За опасноста од овој пожар известена е и Дирекцијата за заштита и спасување, каде противпожарен авион е спремен за гаснење на пожарот“, информираат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи, исто така, побара од Министерството за внатрешни работи да испрати контроли со цел да бидат навреме известени доколку пожарот ја премине граничната линија.
За гаснење на евентуалните пожари на отворено, на располагање се два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.
На територијата на државата во моментов нема други активни пожари, по гаснењето на оној во Зелениково. Центарот за управување со кризи извести дека за време на викендот имало 30 активни пожари, од кои најголемиот бил во регионот на Ајватовце каде на екипите им беа потребни околу 24 часа за целосно да го изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.