Големиот пожар што избувна вчера во близина на грчкиот град Александруполи, сѐ уште не е ставен под контрола, а според грчката телевизија ЕРТ веќе изгореле пет куќи и една црква, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 176 пожарникари со 48 возила, десет пешадиски тима, 11 авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат волонтери пожарникари, полицајци, како и цистерни и камиони од општините.

Пожарот е во шумски дел, а градоначалникот на Александруполи, Јанис Забукис, за „Катимерини“ истакна дека денеска, огнената стихија е далеку од домови и населени места.

Вчера попладне, превентивно беа евакуирани осум села, откако до жителите беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.