Словенечките пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во северозападниот дел на Карс, во близина на границата со Италија.
Повеќе од 180 пожарникари го гаснат огнот што избувна на тешкопристапен терен во долината Випава и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири кон селото Темница.
Командирот на Јавната противпожарна служба на Нова Горица, Симон Вендрамин изјави дека пожарот веќе ги зафатил Костањевица на Крас и Церје.
Пожарот зафатил тешкопристапен или непрооден терен во должина од еден километар“, рече тој.
Пожарникарите повикаа и помош, покрај хеликоптери за гаснење пожари и специјалисти за отстранување мини, бидејќи во таа област во Првата светска војна се случи најкрвавиот судир меѓу австроунгарската и италијанската војска и денес има многу неексплодирани убојни средства, пренесува СТА.
Засега не е јасно што го предизвикало пожарот, кој настанал само два дена откако пожарникарите со помош на два хеликоптери успеале да го изгаснат претходниот, кој избувнал недалеку од денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.