В.Ј. (30) вчера била ранета во пукање на патарина кај Прешево и била оперирана. Во неа пукал 52 годишен маж од Македонија. Таа билa донесена во Универзитетскиот медицински центар Ниш нешто по полноќ од страна на екипата на Итната помош, заради раните кои ги добила како последица на огнено оружје.
По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш – соопштија од оваа установа.
Македонскиот државјанин прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се самоубил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.