Во општина Клокот денеска е потврден првиот случај на африканска свинска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово.
„Агенцијата за храна и ветеринарство со свои екипи излегоа на терен за дијагностички истражувања на фармата, земање мостри и изолирање на фармата. Резултатите од мострите потврдија присуство на таа болест. “ се вели во соопштението.
Екипи на ветеринарни инспектори заедно со договорената фирма ги уништија заболените женки и ја дезинфицираа фармата и се околу фармата. Започна епидемиолошкото истражување на фармите на периметар од три километри.
Врз основа на важечкиот закон, агенцијата формираше кризен штаб кој ќе биде одговорен за управување со ситуацијата и надзор на активностите за спречување на ширењето на болеста.
Африканската свинска чума е заразна вирусна болест која предизвикува хеморагична треска кај домашните и дивите свињи со висока стапка на смртност до 100 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.