Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.
Како што соопштија од Кабинетот на црногорскиот претседател, Мишел ќе биде пречекан од Милатовиќ во резиденцијата на Цетиње со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи разговор меѓу двајцата функционери.
По потпишувањето во книгата на гости и средбата на двете делегации, Милатовиќ и Мишел ќе дадат изјави за јавноста. Веднаш по прес-конференцијата претседателот на Црна Гора и претседателот на Европскиот совет ќе засадат дрво на пријателството во дворот на Резиденцијата во Цетиње“, се вели во соопштението.
На крајот на денот, Милатовиќ ќе приреди свечена вечера во чест на претседателот на Европскиот совет.
Посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на политичките и економските односи меѓу Црна Гора и Европската Унија, а дополнително ја потврдува одлучноста на Црна Гора да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година“, се заклучува во соопштението на кабинетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.