Претставник на македонски конзулат во Солун за „Сител“ вели дека двете спасени момчиња се во добра здравствена состојба и дека потрагата по третото момче е во тек и ќе трае се дури не се пронајде.

Двете момчиња се во добра здравствена состојба. Потрагата по третото момче е се уште во тек и нема да биде откажана додека не се пронајде, вели тој.

Од Македонскиот конзулат во Солун за телевизијата велат дека се во постојана комуникаци со блиските на трите момчиња.

Во контaкт сум со сите и имаме најава дека родителите на третото момче ќе пристигнат утре. Значи во постојана комуникација сум со сите коишто се поврзани со трите момчиња, односно сите роднини и пријатели, додава претставникот на македонскиот конзулат во Солун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.