Грција би можела да има повеќе од 600 милијарди кубни метри резерви на природен гас, соопшти високиот извршен директор на грчката комисија за јаглеводороди, Аристофан Стефатос.

Додека Грција го забрзува истражувањето на гасот за да ја намали зависноста од руската енергија, Стефатос за „Ројтерс“ вели дека „во однос на количината, моментално се проценува дека 85 отсто од вкупните резерви за тестирање се всушност природен гас“.

Прелиминарните проценки на целите сугерираат повеќе од 600 милијарди кубни метри – вели Стефатос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.