Возачите низ Србија од денес ќе издвојуваат за 10 отсто повеќе за патарини од порано. Така возењето од Ниш до Белград со патнички автомобил ќе чини 1.130 динари, од Белград до Шид 500 а до Суботица 800 динари.

Освен во готово со динари или со кредитни картички, за возилата со странски регистарски таблички плаќањето може да се врши и во евра, при што цените како кај нас се заокружени на половина или цело евро.

Новост за возачите на камиони кои користат уреди за електронска наплата е што можат да остварат 10 отсто попуст ако нивните возила се со Еуро 6 стандарди. Но новост е и тоа што од идната година во Србија патарина ќе се плаќа и за брзите магистрали, по цени кои ќе бидат за околу 20 отсто пониски отколку на автопат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.