Грција планира значително да ја зголеми цената на таксата за престој за престој во приватно сместување и хотели, а парите од овие давачки ќе бидат насочени кон фонд за борба против последиците од климатските промени. Тоа всушност значи дека летувањето во Грција ќе биде поскапо следната сезона.

Според грчката телевизија ЕРТ, таксите ќе се движат од 1,5 до 10 евра по соба, во зависност од категоријата за сместување.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека фондот за санација на елементарни непогоди ќе се зголеми на 600 милиони евра и поради оваа причина ќе се зголеми и данокот за престој.

Тој оцени дека Грција во текот на летото е погодена од најсериозните пожари и поплави во нејзината историја и дека поради климатските промени се соочува со војна во мирно време.

Нови и претходни цени на данок по сместувачка единица на ден:

1,5 евра на ден за приватни соби, студија и апартмани како и хотели со 1-2 ѕвезди (стара цена 0,5 евра)
3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди (стара цена 1,5 евра)
7 евра по соба за хотели со четири ѕвезди (стара цена 3 евра)
10 евра по соба за хотели со пет ѕвезди (стара цена 4 евра)
Од зголемувањето на дневната туристичка такса ќе се обезбедат дополнителни 300 милиони евра“, рече Мицотакис.

Исто така, оние што ќе изнајмат повеќе од три објекти ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ и данок на добивка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.