Здравствените власти во Грција предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.
Претседателката на лекарскиот синдикат во Атика, Матина Пагони за медиумите изјави дека бројот на заразени со Ковид-19 е зголемен за 14 проценти. Лекарите препорачуваат носење маски каде што се собираат многу луѓе, како на пример во јавниот превоз и да се држи безбедно растојание.
Неочекувано рано, според лекарите, ширењето на вирусот се зголемило.
Министерството за здравство не предвидува воведување задолжителни маски, поради замор кај Грците за почитување на ограничувањата. Сепак, барем во училиштата, родителите се охрабруваат да бараат од децата да носат маски.
Во фокусот на секојдневната контрола е подрачјето на Тесалија по поплавите. Поради проблеми со водата за пиење нагло се зголемува бројот на пациенти со гастроинтестинални проблеми. За еден ден биле утврдени и 49 случаи на заразени со Ковид-19.
Надлежните повикуваат при патување низ Тесалија да се почитуваат превентивните мерки.
„Многу екстремна комбинација на Ковид и сезонски грип е во ек во земјава“, велат лекарите кои препорачуваат и вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.