Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку тројца загинати, јавуваат тамошните медиуми.

Според БТВ, загинал шоверот на Петков, како и две лица во другиот автомобил.

Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години излегол на патот, иако немал предност.

Петков се здобил со повреди, но засега нема информации во каква точна здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер.

Пред речиси еден месец и другиот копретседател на Промените продолжуваат Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.