Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа со уништување на над 39.000 кокошки во село во јужниот дел од земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасковската област.
Ангелов истакна дека двете живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А.
Ова е втора епидемија во селото Криво Поле од април минатата година, кога беа уништени повеќе од 40.000 кокошки.
Во Европа и Азија во изминатите недели се проширија потешки форми на птичји грип, кој е фатален за живината.
Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но има некои случаи на инфекција кај луѓето кои предизвикаа загриженост меѓу епидемиолозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.