Огромен пожар избувна на Универзитетот во Гиресун во североисточна Турција, при што се евакуирани професорите и студентите, јави турската телевизија „Си Ен Ен Турк“.

Пожарот избил на покривот на Факултетот за туризам. Огнот брзо зафатил голем дел од зградата.

Многу противпожарни возила се испратени во областа, вклучително и од соседниот округ Орду. Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Причината за инцидентот се уште не е позната и засега нема информации за повредени лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.