„Има таков народ“ (ИТН) четврти пат за 1,5 година ја урива владата во Бугарија, изјави за БНТ претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“ во Народното собрание, Георги Свиленски.
Тој додаде дека поради ИТН Бугарија четврти пат ќе оди на избори.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Свиленски, ГЕРБ, Движењето за права и слободи и „Има таков народ“ сфатиле дека Бојко Рашков навистина може да биде избран за претседател на Комисијата за борба против корупцијата и конфискација на незаконски стекнат имот. Тој додаде дека кога го виделе Законот за антикорупциска комисија, што беше донесен во прво читање, сфатија за што се работи и полудеа, изјави Свиленски.
Според него, петдневниот рок за избор на претседател на Антикорупциската комисија на Бугарија бил проблем за формирање на новата бугарска влада.
Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, покажа дека не се плаши и дека има волја да се бори против корупцијата, коментира и Свиленски.
Според него, поделбата во бугарското општество веќе не била во насока лево-десно, туку била поврзана со темата за борбата против корупцијата.
Во исто време, претседателот на Бугарија Румен Радев ја коментираше тензичната внатрешно-политичка ситуација, кој рече дека БСП треба да го исполни третиот мандат во согласност со Уставот и одлуката на Уставен суд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.