Забележана е огромна загуба на воени хеликоптери во Грција по поплавите предизвикани од бурата „Данел“, од минатата година.
Аеродромот Стефановикио, кој се наоѓа во регионот Тесалија во Грција и каде што се сместени над 100 воени хеликоптери, доживеал значителни поплави од бурата „Даниел“ на почетокот на септември 2023 година.
Откако надојдените води почнале да се намалуваат, првите проверки откриле катастрофални штети на зградите и леталата.
30 „OХ-58Д“ вооружени извидувачки хеликоптери на долгорочно складирање се сметаат за целосно уништени, што претставува околу 40% од 70-те хеликоптери набавени како вишок од американските резерви
Изгубени се и меѓу 3 и 6 јуришни хеликоптери „АХ-64А+ Апачи“ (од вкупно 19). Загубата претставува 15,7% (3 хеликоптери) до 31,57% (6 хеликоптери) од флотата „Апачи“.
Пријавени се и значителни загуби на инфраструктура за одржување, алатките и критичните потсистеми за хеликоптери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.