Поради силен дожд и излевање на реки, вонредна состојба е прогласена во пет општини во Србија: Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус и Тутин.

Најдраматично е во Нови Пазар, каде полицијата, пожарникарите и спасувачите цел ден трагаа по двајца постари мажи, кои околу 11 часот влегле во надојдената Трнавица. Несреќата се случила кога соседите се собрале на брегот за да спречат излевање на поројниот поток и поплавување на нивните куќи и дворови.

Во еден момент постар сосед паднал во коритото бидејќи се урнала барикадата. Другиот сосед, посегнал и се обидел да го извлече, но и тој паднал во надојдената река. Синот на другиот маж истрчал покрај брегот и се обидел да ги извлече татко му и соседот од импровизиран мост. Но, оградата на мостот попуштила и тој заврши во водата, но некако успеа да доплива до брегот каде го чекавме и го извлекоа на суво, велат мештаните.

Српските медиуми пренесуваат дека оградата пукнала кога синот успеал да стигне до раката на својот татко, таткото практично го одвлекол во водата, бидејќи оградата пукнала од силата.

Надојдените реки кои однесоа куќи, ниви, имоти и помошни објекти трет ден не им дадоа мир на жителите на Бродарево, Пријепоље и Сјеница, а вчера се излеаа реките во Брус, Чачак, Прибој.

Поплавени се стотици згради, а припадниците на Одделението за вонредни состојби на МУП евакуирале 84 лица. Најголем број евакуирани има во Прибој – 30, во Сјеница (24), Брус (16), Бродарево (9) и Нови Пазар (5), соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. На некои места се предизвикани одрони.

Во Сјеница, каде во вторникот беше најкритично, водостојот на реката Грабовица стагнира, но десетици куќи се поплавени. На територијата на општина Брус, каде е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 10 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.