Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа.
Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на елементарна непогода, пренесува порталот Индекс.
– Штетата ќе ја процениме утре, но веќе сега знаеме дека не е толку голема како претходните години, изјави Мандиќ.
Тој нагласи дека водостојот паднал, граѓаните добиле сушачи за простории, а утре ќе се санира теренот. – Верувам дека до понеделник ќе имаме нормални услови за живот, истакна Мандиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.