За жал се случи тоа што се најавуваше, критична е состојбата на југот од Босна и Херцеговина во моментов, обилните врнежи од дожд веќе условуваат големи поплави.

Засега, освен материјална штета нема човечки жртви.

Во јужниот дел на Херцеговина имаше поплави на станбени и деловни објекти, патишта и земјоделски површини, како и одрони на патиштата поради надојдените потоци и излеаните реки кои беа предизвикани од обилните врнежи од дожд кои паѓаа со часови.

Најтешка е ситуацијата во Габела Поље во градот Чапљина, недалеку од границата со Хрватска. Таму се поплавени подрумите на семејните куќи, а водата опколи цели населби. Големи земјоделски површини, вклучително и оранжерии, се под вода поради силниот дожд кој не престанува да паѓа во последните 24 часа. Поплавени се и улици.

Во единствениот приморски град во Босна и Херцеговина, Неум, поројните дождови го оневозможија сообраќајот. Во центарот на овој мал град, улиците се целосно под вода. На некои патни правци имало паѓање на карпи и големо количество песок, поради што тие патишта биле затворени.

Сите реки во Херцеговина се во нагорна линија, но засега нема опасност да се излеат од водотеците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.