Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.

Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај, се додава во соопштението.

Сканк е дрога кој има исклучително силни психогени својства и ефекти поради значително поголемата концентрација на ТХЦ (тетрахидроканабинол) во него, многу поголема во споредба со „обичната“ марихуана. Сканк претставува сериозна опасност на домашниот и регионалниот нарко пазар

Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.

При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка, се наведува во соопштението.

Во акцијата се приведени неколку лица.

Според албанските медиуми, крајната дестинација на дрогата, произведена во Албанија, требало да биде Австрија. Дрогата била откриена во камион кој транспортирал дрвени палети меѓу кои биле скриени 185 пакувања со марихуана.

Возилото било со албански регистарски ознаки, а приведени се две лица, татко и син, жители на Драч.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.