Одредени траги оставени во изнајмениот стан на Ивана К.(27) на Ѕвездара во Белград, каде што беше пронајдена мртва на 24 декември, треба да ги доведат полициските инспектори до нејзиниот убиец, пишува „Блиц“. Обдукцијата утврдила дека девојката била задушена со давење, па против непознато лице е покрената истрага за убиство. Секојдневно се работи на идентификација и откривање на сторителот.
Сите траги од ДНК, кои се пронајдени во нејзиниот стан, се споредуваат со ДНК на одредени лица кои се наоѓале во нејзина близина, како и со ДНК-базата на полицијата. Исто така, со проверка на базните станици на мобилните телефони, детективите се обидуваат да утврдат кој во тој момент се наоѓал на просторот на зградата во која живеела. Се претпоставува дека била убиена два дена пред да биде пронајдена, бидејќи два дена не одговарала на повиците од родителите и браќата.
Исто така, полицијата ги проверува сите нејзини контакти и комуникации, се вештачи и нејзиниот телефон за да се види дали некои пораки или можеби повици можат да укажат на можен убиец.
Првите сомнежи се дека ја убил некој што го познавала и го пуштила во станот. Во станот немало никакво нарушување, а клучот од станот не бил пронајден во вратата. Тоа укажува дека убиецот ја заклучил вратата и побегнал со клучот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.