Полицајката од Градачац, Селимовиќ, која е поврзана со убиецот Нермин Сулејмановиќ, утре ќе биде суспендирана, дознава босанскиот портал „Аваз“.

Дознаваме дека Управата на полицијата врз основа на собраните докази побарала таа да биде суспендирана, а решението претпладне ќе го потпише комесарот, посочува порталот.

Селимовиќ утрово се вратила од Италија во Градачац.

Но, таа денеска отворила боледување бидејќи не се чувствува добро.

Полицијата има докази (фотографии) дека Селимовиќ имала контакти со други криминални лица, не само со Сулејмановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.