Од Полициската управа на Црна Гора официјално е соопштено дека при претрес во куќата на Вук Бориловиќ биле пронајдени 4.200 евра и осум куршуми за ловечка пушка.

 

Куќата на Бориловиќ, како што е соопштено, е претресена по наредба на надлежниот судија за истрага, пренесува црногорски Вијести.

Полицијата не пронашла камери во куќата на масовниот убиец Вук Бориловиќ, но открила снимка од надзорните камери поставени на неколку згради во близина.

 

– Со проверка не се пронајдени камери. Од неколку локации полицијата запленила снимка од видео надзор за која се верува дека може да даде информации за споменатиот настан, соопшти Полицијата.

 

Бориловиќ (34) е убиен откако претходно уби 10 соседи, меѓу кои две деца, а шестмина тешко рани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.