Откако четвртокот донесе невреме и дожд во Словенија, тоа не се смири ниту еден ден подоцна. Дожд е најавен и за Хрватска, а времето, се чини, нема толку брзо да се смири.

Во Словенија многу места се поплавени, пожарникарите им помагаат на настраданите, а некои дури војската ги спасила од покривите со хеликоптери.

Словенечки Дарс објави фотографии од поплавениот автопат кај Шемпетер, како и информации за тоа кои патишта се затворени.

– Штаерскиот автопат е затворен меѓу Жалец и Шентруперт кон Љубљана и од Врански до Жалец кон Целје – напишаа тие.

Додаваат дека се поплавени и обиколници.

– Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно! – додаваат тие.

На веб-страницата Promet.si изјавија дека целосно е затворен автопатот Љубљана – Цеље, како и патот Целје – Лашко.

За целиот северен дел на Словенија е прогласен највисок степен на метеоролошка тревога, црвено, а во регионите на Штаерска и Корушка, како што информираат од Дело, утринава се активирани сирените за општа опасност.

Состојбата е алармантна, поплавите го парализираа сообраќајот, а состојбата нема толку брзо да се смири.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.