Теодора М.(23) од Кисач, млада мајка на едногодишно бебе и студентка по медицина беше тешко повредена на 1 ноември при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Теодора се здоби со сериозни повреди кога конструкцијата паднала на самиот влез на станицата во Нови Сад и се наоѓа во Клиничкиот центар во Војводина.
Теодора го чекала автобусот кога паднала настрешницата. Тешко е повредена… Двете нозе и се ампутирани, а се здобила и со други тешки повреди. Сите се молиме за неа и се надеваме дека ќе ја преживее оваа трагедија и дека ќе се врати жива кај своето бебе и сопругот со кој се омажи минатата година, вели еден од познаниците на убавата Теодора, кој напоменува дека е многу добар студент по медицина, иден доктор.
Според некои информации, таа кобниот петок го довикувала своето бебе од под урнатините и рекла дека ја сака и дека ќерка и ја чека дома.
Бројните пријатели и познаници на Теодора откако дознале дека е тешко повредена и дека всушност е една од оние патници кои се нашле под настрешницата, со денови на социјалните мрежи објавуваат трогателни пораки и молитви за нејзино оздравување.
Теодора М… Мајка на едногодишно девојче. Жртва на трагичниот настан во Нови Сад. Моментално се борат за нејзиниот живот. Оваа убава девојка и мајка ги загуби двете нозе и дел од карлицата. Девојката е студентка на Медицинскиот факултет со сите десетки, пишува во една од објавите на Фејсбук каде потоа се наведува дека некој мора да одговара за оваа трагедија.
Полека изминува третиот официјален Ден на жалост за трагичниот настан на железничката станица во Нови Сад. Денот поминува, но тагата, болката остануваат, особено во животите и срцата на семејствата кои ги изгубиле своите најблиски, бидејќи тоа е загуба која не може да се надомести. Чекајќи да биде задоволена правдата, остануваме во молитва за трите млади животи и лекарите кои се борат за нивните животи. Една од нив е Теодора М. (23) од Кисач, нашата сестра по Христа. На сите им се потребни нашите молитви. Нека Господ ја положи својата нежна рака врз нив, врз нивните семејства и лекарите кои се грижат за нив – стои во друга објава.
Дај Боже овој прекрасен ангел да преживее и да се врати кај своето семејство. Господ на помош, погледни и спаси ја нашата паметна и убава Теодора, се наведува во Фејсбук објава.
Еден од нејзините пријатели и испрати моќна порака.
Теди моја, издржи те молам. Вие сте силни, можете да го направите тоа! – пишува тој во една од пораките на мрежите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.