Со излегувањето од затвор на Душан Крсмановиќ по отслужување на 20 години од казната, една од најголемите мистерии на Земунскиот клан повторно е во центарот на вниманието.
Каде се парите и вредните предмети кои членовите на кланот ги украле од жртвите или ги стекнале во трговијата со дрога е прашање кое до ден денес останува неодговорено?
Лидерите на кланот Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум закопале 22 милиони евра и повеќе од 10 килограми злато во околината на Сурчин покрај автопатот, во близина на белградскиот аеродром. Тоа богатство се уште не е пронајдено.
Милош Симовиќ тврди дека тој и неговиот брат Александар закопале 22 милиони евра во вреќи во шумата до автопатот, кои Спасојевиќ им ги дал на чување. Покрај парите закопале и повеќе од 10 килограми златници. Локацијата на закопаното богатство не е откриена иако се направени обиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.