Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата.

Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.