Омикронската варијанта на коронавирусот стана доминантна во Словенија, покажуваат податоците од две лаборатории овластени да анализираат заразени примероци.

Словенечката телевизија вечерва објави дека е потврдено дека омикронската варијанта навлезе и во болницата Јесенице, каде со неа се заразени 11 вработени и 11 пациенти, поради што е затворено одделението за абдоминална хирургија.

Нушка Чакш Јагер од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) на денешната прес-конференција рече дека меѓу речиси 900 млади луѓе кои ги прославиле новогодишните празници во Белград, организирани од словенечка туристичка агенција, досега се потврдени 200 инфекции.

Според директорот на Институтот за микробиологија и имунологија (ИМИ), Мирослав Петровец, учеството на омикрон меѓу позитивните ПЦР тестови во таа институција е 82 отсто, пренесува Хина.

Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна (NLZOH) соопшти дека меѓу нивните позитивни ПЦР тестови, уделот на омикрон е веќе 63 проценти.

Словенечките медиуми наведуваат дека најголемиот број потврдени случаи на омикронска инфекција е резултат на локално пренесување кај населението, а повеќето од заразените не знаат каде се заразиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.