Според информациите што ги имаме од компаниите е дека кон средината на август може да биде фазата на одобрување на вакцините кои се ажурирани за сојот омикрон, односно не само што штитат од тешко заболување, туку и од инфекција со омикрони, а малку подоцна ќе ги вклучат и варијантите четири и пет, кои сега доминираат, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај 100,3“, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека токму поради новата, ажурирана вакцина која ќе заштитува и од омикрон, повеќето од нивните нарачки на вакцини ги префрлиле за кон крајот на есента.

Во однос на текот на пандемијата во земјата, министерот за здравство истакна дека во овој момент постои стабилизирање на новиот бран што зема замав во јуни и јули и оцени дека во следните седмици ќе има пад на бројот на заразени.

Очекуваме дека од септември веројатно ќе има нов бран, исто како што досега функционираше пандемијата, но единствената разлика што ја имаме во споредба со претходниот период е што имаме имунизациска покриеност на населението и имаме антивирусни лекови за широка употреба – објасни Плеврис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.