Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави тој на социјалните мрежи.
Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп и му честитав на неговиот реизбор, напиша Пленковиќ.
Двајцата разговарале за зајакнување на билатералните односи, особено во енергетиката, одбраната и НАТО.
Разговаравме и за продолжување на поддршката за Украина, напиша Пленковиќ на X и додаде дека Трамп изразил „длабока почит кон хрватскиот народ“.
Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД на 5 ноември, ќе ја преземе функцијата на 20 јануари следната година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.