Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.